Search

Tетовец и неговото куче нападнати и изгризани од куче од расата турски кангал

На 24.04., во 15,45  часот, во   ПС Тетово лицето  Т.Д. (44) од Тетово пријавил дека на 22.04. околу 20,00 часот додека на ул. ,,142,, го шетал своето куче – раса белгиско- германски овчар, тој и кучето биле нападнати од куче раса – турски кангал којшто неговиот сопственик,  го шетал без ланец и заштитна маска. При нападот пријавителот и неговото куче неколку пати биле каснати  од “кангалот“ а со помош на случајни минувачи успеале да се оддалечат од местото на настанот. По ова пријавителот го однел своето куче во ветеринарна амбуланта а тој подоцна побарал и медицинска помош во Клиничка бплница  Тетово каде што му била констатирана повреда на десната подколеница. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави