Search

Вчера се одржа вториот концерт на отворено во време на корона- денес четири нови

Музичката група EYE CUE вчеравечер одржа едночасовен концерт како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје како подрршка за културните работници. Целиот концерт може да го погледнете на следниот линк – https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/259432262124453/?t=0

За денес се планирани четири нови изведби на различни локации во Скопје, почнувајќи во 12.00 часот со Христина Зафировска (видео – визуелни уметности), потоа во 17.00 часот во Топанско Поле ќе настапи Артан Кастрати, веднаш потоа во 18.00 часот ќе следи настапот на групата Funk Shui кај  Млечен, а вечерниот концерт ќе биде во изведба на Musaiq со почеток во 20.00 частот повторно кај  Млечен. Сите настапи ќе биде стримувани на:

– фејсбук страницата на Град Скопје

https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs

– Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

Покрај музичките настапи, во програмата „Култура во време на Корона“ за наредниот период планирани се изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби. Град Скопје, заедно со градските културни институции објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

  1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
  2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.

 

Треба да знаете
Последни објави