Кај кружните скали во ГТЦ се гради панормаски лифт

На влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ) од кај Портата Македонија, покрај кружните скали се гради панорамски лифт. Од ГТЦ информираа дека панорамскиот лифт ќе го користат инвалидизирани лица, трудници и родители со деца.

Панорамскиот лифт ќе се искачува до зелениот покрив на ГТЦ кој е направен како мини парк на 1.800 квадратни метри. Од ГТЦ смета дека панорамскиот лифт нема да го наруши изгледот легендарниот трговски центар, симболот на Градот Скопје туку, ќе придонесе за атрактивност на објектот. Иградбата на лифтот чини околу 4 милиони денари (65.000 евра).

 

Треба да знаете
Последни објави