Search

Џонсон следната недела се враќа на работа

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да се врати на своите државнички должности веќе во понеделник, објави лондонски „Телеграф“.

Според „Ројтерс“, Џонсон им кажал на своите соработници да закажат седница со министрите следната недела, бидејќи тој сака да го надомести времето поминато во закрепнување од Ковид-19.

Џонсон беше пуштен од болницата „Св. Томас“ во Лондон на 12 април, каде беше примен на 5 април, откако беше откриено дека е заразен со коронавирус.

Британскиот премиер првично имаше поблаги симптоми на болеста, но неговата состојба се влоши во болницата и тој помина три дена на интензивна нега.

Треба да знаете
Последни објави