Search

Стружанец си го сменил името, па лажел дека го изгубил пасошот со старото име

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против Б.Л.(38) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „давање лажен исказ“.

Пријавениот, на 29.01.2020 во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Струга пријавил губење на неговата македонска патна исправа, издадена од страна на МВР, ОВР Струга на 06.09.2018, на име А.Б., со кое именуваниот се служел до 24.01.2020, кога извршил промена на личното име од А.Б. во Б.Л.

При спроведување на управната постапка за издавање дупликат патна исправа, осомничениот пред полициските службеници во Одделението за прекуграничен криминал миграции, странци и реадмисија Струга дал лажен исказ дека македонската патна исправа ја изгубил во Струга, на 28.01.2020, за што бил составен Записник на кој осомничениот лично се потпишал.

Треба да знаете
Последни објави