Search

Според Де Бруин, Мане е најдобриот играч во Премиерлигата

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин, се изјасни кого го смета за најдобар играч во англиската Премиер лига.

– Јас би го избрал Мане. Тој направи се за Ливерпул оваа сезона, одигра многу важна улога во тимот. Ако треба да изберам само еден, тоа ќе биде Мане, потенцира Де Бруин.

Оваа сезона Садио Мане настапи на 26 натпревари во Премиер лигата за Ливерпул, постигна 14 голови и оствари девет асистенции.

Треба да знаете
Последни објави