Search

Скопјанец со нож сакал да ограби охриѓанка во нејзиниот дом

Скопјанец со нож сакал да ограби охриѓанка во нејзиниот дом, но бил совладан од семејство, вчера во Охрид, информираше МВР.

– На 23.04.2020 во 13.45 часот во куќа на улицата 28 Април во Охрид полициски службеници го лишиле од слобода Љ.С.(30) од Скопје. Тој бил приведен откако М.В.(64) пријавила дека околу 13.20 часот во нејзината куќа влегол Љ.С. и со закана со нож се обидел да изврши разбојништво. Но не успеал во намерата бидејќи бил совладан од пријавителката и присутните лица на местото на настанот, велат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави