Search

Кисела Вода го средува парковското зеленило

Општина Кисела Вода спроведува голема акција за косење на нараснатите тревни површини на својата територија. Вчера парковското зеленило беше целосно средено во Расадник. Акцијата за косење на тревата, денеска продолжува да се одвива покрај железничките пруги на трим патеката, во должина од околу 2 километри, од почетокот на влезот на Кисела Вода па се до булеварот Србија, во општината Аеродром. Во моментов, тревата се коси и во населните места Драчево, Пинтија, Стаклара и Усје.

Во сабота тревните површини ќе се косат во УЗ „Кисела Вода”, во понеделник во УЗ „Цветан Димов”, а во вторник во урбаните заедници „11 Октомври” – згради и бараки. Активностите ќе финишираат во среда во Црниче, Пржино и Припор. Покрај средувањето на зеленилото, во парковите се расчистуваат отпадоците одложени од страна на несовесните граѓани.

За успешно спроведување на активностите за косење на тревата, Општината вклучи 40 сезонски работници.

Треба да знаете
Последни објави