Search

Излезете на тераса и слушнете ги звуците на урбан Карпош

Општина Карпош организира музички настан, на кровната површина на ТЦ Скопје „Сити мол“, утре, 25.04.2020 (сабота), од 19:30 до 21:30 часот.
За музичкиот дел, задолжен ќе биде DJ BABURA JUNIOR.
Ги повикуваме сите карпошани, особено оние кои живеат во околината на „Сити мол“, да излезат на своите тераси, од своите домови да бидат дел од овој настан, кој ќе се карактеризира и со голема интерактивност.
DJ Babura Junior ќе не потсети на голем број диско хитови, ретро македонска и странска музика. Во период на полициски час, ќе имаме можност да уживаме во добра музика и да дадеме поддршка на домашната музичка сцена.
Карпош продолжува да пулсира во духот на урбаното, во духот на маалскиот соживот и меѓугенерациска дружба.
Настанот ќе може live да се следи на Facebook страниците на Општина Карпош и DJ Babura Junior.
Линкови од Facebook страниците:

Треба да знаете
Последни објави