Search

Дугари: Реал проблемите во средниот ред ќе ги реши со Погба

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Кристоф Дугари смета дека на Реал Мадрид му е потребен Пол Погба за да го реши проблемот со средниот ред.

Францускиот халф кој е член на Манчестер јунајтед во неколку наврати се поврзуваше со трансфер на „Сантијаго Бернабеу”, но досега ова беше шпекулација, без вистински развој на ова прашање.

Не е чудно работите да се менуваат ова лето.

– Изгледа дека екипата на Реал Мадрид веќе старее. Тие имаат проблем во средниот ред, а Погба може да ги реши. Тој е играч кој постигнува голови, според мене тој е делот кој недостасува во сложувалката на Реал Мадрид. Оваа година беше доста незгодно за него поради повредите и неговата екипа не играше добро, но кога и да имаше шанса да игра, тој брзо ја враќаше својата најдобра форма. Го познавам Зизу и знам дека му се допаѓа Погба. Нема причина да се чека повеќе со неговото привлекување, смета Дугари.

Треба да знаете
Последни објави