Во Албанија 15 новозаразени или вкупно 678 лица

Во Албанија во последното  деноноќие регистрирани се 15 новозарзени со Ковид-19,  оздравени се девет лица, а не се регистирани смртни случаи.

– Во последните 24 часа тестирани се 259 сомнителни  случаи, при што диганостицирани се 15 лица или за 14 случаи помалку  споредено со вчера. Од почетокот на март до сега тестирани  се  6.768  сомнителни случаи, од кои 678 биле позитивни, односно околу 10 отсто од вкупниот број тестирани  случаи, изјави Еугена Томини, од Институтот за јавно  здравје.

Додаде дека во текот на последното деноноќие на списокот на оздравени се додадени уште девет пациенти, со што бројот на оздреавени се зголемил на  394 или  58,1отсто  од вкупно
заболените.

Томини наведе дека продолжува трендот на оздравени пациенти и нивиот број изнесува 257 лица или 41,9 отсто  од вкупно инфицираните. Додека од последици од новиот коронавирус починале вкупно 27  луѓе.

Таа посочи дека во Инфективната клиника  и болницата „Шефќет  Ндроќи” на лекување се 38 или четворица пациенти повеќе споредено со вчера. Од нив осум се на интензивна терапија
од кои четворица во тешка состојба.

Треба да знаете
Последни објави