Вонреден детски додаток за семејствата корисници на социјална помош во Грција

Дополнителен и вонреден детски додаток од 100 евра за првото и 50 евра за секое следно дете, ќе добијат семејствата кои користат социјална помош во Грција, по заедничката министерска одлука на министрите за внатрешни работи, за труд и социјални работи, за финансии и за дигитално управување, јави дописничката на МИА од Атина.

Додатокот е наменет за семејствата кои имаат барем едно малолетно дете, а важи и за самохрани родители.

Максималниот износ по семејство не смее да биде над 300 евра.

Трошоците во висина од 8.422.700 евра за детскиот додаток за 63.900 домаќинства што добиваат социјална помош, ќе бидат покриени од буџетот на Министерството за труд и социјални работи на Грција.

Треба да знаете
Последни објави