Search

(Видео) Градот Скопје со донација од Халкбанк ги реконструира сите 19 мостови во Градскиот Парк 2

Со донација од Халкбанк , Градот Скопје ги реконструира сите 19 мостови во Градскиот Парк 2. По реконструкцијата овој дел од Паркот кој е омилено шеталиште и простор за рекреација за скопјани ќе блесне со сиот свој сјај и повторно ќе биде катче за ужување и релаксација.

Обновата на мостовите почна денеска и ќе опфати замена на дрвените подови со нови, поквалитетни дрвени материјали отпорни на климатски влијанија, премачкување на металните површини со боја што овозможува заштита од корозија, поставување рампи за велосипедисти и лица со посебни потреби и други зафати кои ќе ги направат овие мостови побезбедни за користење, подолготрајни и естетски поубави. Активностите за обнова на мостовите се очекува да завршат за два месеца.

-Ваква реконструкција на сите мостови одеднаш не е направена никогаш досега. Упатувам голема благодарност до Халкбанк како општествено одговорна компанија којашто излезе во пресрет на Градот Скопје за да ја спроведеме заеднички оваа акција. Нашата цел е на граѓаните да им овозможиме да уживаат во Градскиот парк, а кога ќе преминуваат преку овие мостови да се чувствуваат безбедно. Скопје е град што вложува во својот развој и покрај тешките услови. Пандемијата ќе помине, а животот ќе мора да продолжи. Да го дочекаме продолжувањето на животот со што подобра инфраструктура и во Градскиот парк и на нашите улици – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи за обнова на мостовите во Градскиот парк.

Треба да знаете
Последни објави