Несторовиќ: Коронавирусот ќе згасне во текот на летото

Епидемијата се смирува и тоа е добар сигнал за земјите кои беа зафатени од оваа пандемија. Државите напредуваат во битката против коронавирусот.

-Може да се каже дека влеговме во фаза на гасење на коронавирусот. Постои таканаречен индекс на инфицираност, односно колку еден човек може да зарази други кога е болен, а тој сега е значително намален. Овој коефициент во Србија сега е под еден – вели пулмологот Бранимир Несторовиќ.

Српскиот пулмолог не верува дека вирусот ќе ги преживее високите летни температури.

-Коронавирусот нема да може да ги преживее летните температури. Тоа е сосмеа јасно. Како пример ќе ја земам Америка каде пред некој ден смртноста во Лос Анѓелес како еден од најголемите градови во земјата  беше помала, отколку во Њујорк. Тоа е доказ дека сончевите зраци го убиваат вирусот. Тој може да се шири, но неговата инфективност е многу слаба – додава Несторовиќ.

Професорот Несторовиќ за претпоставките доколку вирусот се врати на есен повоторно, смета дека нема да биде силен како сега, но дека ќе претставува опасност за постарите граѓани.

-Дали пак ќе ни се врати никој не знае. Ако се случи тоа нема да ја имаме оваа ситуација. Ова беше наполно нов вирус за Европа – вели Несторовиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави