Мерките во Хрватска се олабавуваат, но ќе се активираат ако ситуацијата се искомплицира

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ го претстави деланиот план како во три фази ќе се враќа животот во земјата во нормала. Првата од предвидените мерки стапува на сила на 27 април, а последната фаза кога треба да почната со работа градинките и училиштата на 11 мај. Но, дали се ќе оди според планот на Кризниот штаб на Хрватска за борба против пандемијата со коронавирусот ќе зависи од епидемиолошката слика на теренот, односно колку граѓаните ќе се придржуваат на препораките кои постојано им се советуваат да ги почитуваат откако ситуацијата почна да се смирува.

-Во моментов имаме поволна епидемиолошка ситуација која ни дозволи малку да ги релаксираме мерките со кои се боревме против пандемијата. Факт е дека репродукцискиот фактор е поволен, една личност заразува 0,7 болни, вели Крунисла Цапак, првиот човек на Хрватскиот институт за јавно здравје, епидемиолог и член на Кризниот штаб во битката со коронавирусот кој учествуваше во подготвка на мерките за врќање на животот во нормала.

Според Цапак има региони во кои нема ново заразени и болни, но Хрватска е мала држава за да може да се применуваат ослободителни мерки според региони. Наделжните здравствени работници во Хрватска будно ќе ја следат ситуацијата и доколку по олабавувањето на мерките се искомплицира, тогаш предуѕпредуваат дека ќе бидат принудени мерките да ги активираат повторно.

-Носењето заштитни маски во некои области од економијата ќе мора строго да се почитуваат. Ако граѓаните се придржуваат на упатставата не би требало да има зголемување на бројот на ново инфицираните – додава Цапак за хрватските медиуми.

 

Треба да знаете
Последни објави