Меркел најави повисоки германски исплати во буџетот на ЕУ

 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во обраќање пред пратениците во Бундестагот најави повисоки исплати на германски средства во буџетот на Европската унија.

–  На денешните консултации (на самитот на лидери на ЕУ) нема да ги утврдиме детали или да одлучиме за обемот на фондот, но едно е сосема јасно, во духот на солидарноста треба да бидеме подготвени, во ограничен временски период, на поразлични давања, што значи повеќе придонеси за буџетот на ЕУ, изјави Меркел.

Германија внимателно започна со укинување на мерките за ограничување, дозволувајќи им на трговците чиј простор е помал од 800 квадратни метри повторно да започнат со работа, под услов да водат хигиена и мерки за социјална дистанца.

Според априлската прогноза на Меѓународниот монетарен фонд, германската економија поради пандемијата ќе опадне за 7.0 отсто оваа година, по што следната година треба да се опорави и да бележи раст од 5.2 проценти.

Треба да знаете
Последни објави