Search

Ќе се снима филм за животот на Витни Хјустон

Витни Хјустон се враќа назад на големото платно во игран филм за животот кој ја однесе до височините на славата, но заврши со зависност од дрога и со трагедија.

Долгометражниот игран филм, кој ќе го земе насловот на еден од најголемите хитови на славната дива со раскошен глас –  I Wanna Dance with Somebody – има поддршка од нејзиниот долгогодишен продуцент и ментор Клив Дејвис, соопштија продуцентите во средата.

Тие го опишаа филмот како радосна и емотивна прослава на животот и музиката на Хјустон, но додадоа дека филмот ќе биде и искрен за цената што ја плати суперѕвездата.

Хјустон, позната по хитовите I Will Always Love You и Saving All My Love for You, почина на 48-годишна возраст во 2012 година. Таа беше пронајдена мртва во својот апартман во хотелот „Беверли Хилс“, каде што престојувала како гостинка. Истрагата покажа дека таа се удавила во кадата по земањето кокаин. Трагедијата се случи во пресрет нанаградите „Греми“.

Таа водеше повеќегодишна битка со зависнота од дрога.

Од нејзината смрт, шесткратната добитничка на „Греми“ беше тема на неколку документарни филмови, но долгометражниот филм е прва одобрена верзија за нејзиниот живот, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави