Search

Стопанската комора на Македонија предлага начин за олеснување на набавката на заштитни маски за компаниите

Експертите од областа на медицината посочуваат дека користењето на заштитни маски значително го намалува ризикот од пренесување на корона вирусот. Носењето на заштитни маски е препорачано или станува задолжително за одредени ситуации во секојдневниот живот. Впрочем, како што стојат работите, процесот на своевидна нормализација на македонската економија најверојатно ќе вклучува користење на заштитни маски.

Во вакви околности, станува многу важно да се обезбеди можност за навремена и лесна набавка на заштитни маски за компаниите што сакаат да набават заштитни маски за своите работници. За да се олесни процесот, Стопанската комора на Македонија апелира до компаниите што произведуваат заштитни маски да ги достават до Комората основните информации поврзани со нивната продажба, цените, количините, периодот и начинот на испорака итн. Стопанската комора бесплатно ќе ги постави овие информации на соодветно место на својата интернет-страница. Со тоа, Комората ќе овозможи полесно да се сретнат понудата и побарувачката на заштитни маски на домашниот пазар. Kомпаниите што сакаат да набават и бесплатно да им дадат заштитни маски на своите вработени, тоа ќе можат полесно да го направат. Така, компаниите ќе работат, а работниците ќе бидат подобро заштитени.

 

Треба да знаете
Последни објави