Search

Санчез истрауматизиран од својот престој во Интер

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Интер, Алексис Санчез е „разочаран и истрауматизиран” од својот престој во редовите на овој тим. Ова го откри селекторот на Чиле, Реиналдо Руеда. 31-годишниот фудбалер беше позајмен од Манчестер јунајтед, каде доживуваше сериозни потешкотии. Сепак, ситуацијата на „Меаца” не се подобри,откако тој има 1 гол и 3 асистенции на 15 натпревари за гигантот од Милано.

– Ова е прилично трауматична година за него, вистинско мачење. Се тргна надолу по неговиот трансфер од Арсенал во Манчестер Јунајтед. Тој дојде да учествува во Копа Америка во Бразил, но потоа имаше несреќа да се повреди во контрлната со Колумбија. Тој, исто така, имаше лош почеток на престојот во Интер, и веднаш штом се опорави, започна пандемијата на коронавирусот. Се надевам дека тоа скоро ќе заврши затоа што тој е страшен професионалец кој може да одржи високо ниво во кој било клуб доколку му се даде шанса. Тој сè уште може да игра фудбал на највисоко ниво, рече Руеда.

Алексис пропушти три месеци од сезоната, откако го повреди левиот глужд во октомври.

Треба да знаете
Последни објави