Search

Ричард Гир доби син со 33 години помлада Шпанка

Ричард Гир и неговата сопруга, Шпанката Алехандра Силва, добија дете.

Магазинот „Хола!“ пишува дека 70-годишниот актер и неговата 37-годишна сопруга добиле син и дека семејството моментно се наоѓа во Паунд Риџ, место надвор од Њујорк, каде што Гир има ранч.

Ова е второто заедничко дете на двојката. Минатата година тие добија син кого го нарекоа Александер.

Гир од бракот со Кери Лоуел има и 20-годишен син Хомер, а Алехандра од претходниот брак има седумгодишен син.

Гир и Алехандра се венчаа во 2018 година и тој тогаш изјави дека е најсреќниот човек на светот.

Треба да знаете
Последни објави