Кон: Најразвиените се тркаат кој прв да ја произведе вакцината за да се заштитат најпрво себеси, а потоа и да земат најголем дел од „колачот“

Српскиот епидемиолог Предраг Кон,во утринската програма на ТВ Пинк зборуваше и за пронаоѓањето на вакцина против коронавирусот.

-Искуството со САРС од 2009 година покажа дека најразвиените земји први имале вакцина и дека нивната распределба не била така како што се очекувало, Почнала да се користи кон крајот на август и септември, а ние ја добивме дури во декември. Така најверојатно ќе биде сега. Не знам кога вакцината ќе биде произведена, но знам дека најразвиените земји прво ќе ја добијат за себе, а ние ќе ја добиеме дури кога ќе дојдеме на ред. Вистинска битка ќе има меѓу најразвиените земји кој прв да произведе вакцина. Не само од алтруизам и хуманизам, туку и поради бизнис. Оние кои ја истражуваат таа вакцина сакаат да бидат први затоа што така за себе ќе го земат најголемиот дел од колачот – соопшти Кон.

Треба да знаете
Последни објави