Search

Кинезите застрелале севернокорејски дезертер, испаднало дека има корнавирус

Севернокорејски дезертер кој бил застрелан и ранет откако се обидел да ја премине границата со Кина, бил тестиран и е позитивен на коронавирусот, објави „Дејли меил“.

Дезертерот на 20 април се обидел да ја премине реката Тумен, која ги дели Северна Кореја и Кина, но во тие моменти бил застрелан од чувари од кинеска страна.

Потоа бил пренесен во болница, каде бил тестиран за коронавирус.

Резултатите биле позитивни, иако официјалните лица во Северна Кореја велат дека во земјата не е забележан ниеден случај од Ковид-19. Дезертерот сега е во карантин.

Дејли НК, невладина организација која пласира вести за Северна Кореја преку мрежа на соработници низ земјата, претходно објави за неколку можни жаришта во земјата. Организацијата соопшти дека во јануари и февруари годинава, 180 војници починале од инфекција слична на коронавирус и дека е можно уште 23 лица да починат од Ковид-19 во земјата.

Сепак, Северна Кореја официјално и натаму инсистира на тоа дека во земјата нема инфицирани и мртви од коронавирус благодарение на супериорниот социјалистички здравствен систем.

Треба да знаете
Последни објави