Search

Исчезната велешанка пронајдена во провалија префрлена во Клиниката за трауматологија

Велешанката Александра Скорниева(29), која беше пронајдена жива во провалија, откако претходно беше пријавенаа за исчезната е префрлена на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според  најновата информација за МИА,  од портпаролот на ЈЗУ Општа болница  д-р Весна Неделковска Николова таа  е во стабилна и вон животна опасност, но  по направената компјутерска томографија доцна  попладнево биле констатирани повеќе скршеници на телото – политрауматски повреди: скршеница на вратни прешлени, на клучна коска и на карлица и затоа тимот на лекари од Хирушкото одделение донел одлука  попладнево во 17,30 часот со возило на Итна помош од велешката болница девојката  да биде пренесена на понатамошно лекување во Клиниката за трауматологија во Скопје.

Според Неделковска Николова, со девојката  по пронаоѓањето  денеска во велешката болница разговарал  и психијатар, а на кој  девојката му изјавила дека само  била премрзната.

Александра Скорниева исчезна вчера, кога во 8:15 минути го напуштила својот дом, а за нејзиното исчезнување алармираше нејзината сестра преку Фејсбук. Граѓани кои самоиницијативно организирале групи за потрага на исчезнатата Скорниева ја пронашле утрово во провалија под мостот на браната на велешкото езеро Младост.

Треба да знаете
Последни објави