Главниот истражувач на лекови против вирусот доби отказ во САД откако го критикувал Трамп

Поранешниот директор на клучната американска агенција за развој на лекови против корорнавирус изјави дека е отпуштен бидејќи повикал на внимателна употреба на лекови што често ги промовира американскиот претседател Доналд Трамп.

Рик Брајт објави дека бил сменет од позицијата директор на Биомедицинската управа за напредни истражувања и развој и му била доделена нова функција, бидејќи не сакал да наметне хидроксихлорокин и сроден хлорокин како лекови против Ковид-19.

Брајт вели дека американската влада промовирала лекови како „панацеа“ (чудотворен лек за сите заболувања), иако „јасно е дека тоа не е научно докажано“.

Трамп им рече на новинарите дека не знае кој е тој Брајт.

„Никогаш не сум чул за него. Човекот вели дека е отпуштен. Можеби е, можеби не е. Треба да се слушне и другата страна“, рече Трамп.

Треба да знаете
Последни објави