Search

Германската влада: Британија претера со барањата, се однесува како членка на ЕУ

Британската влада поставува преголеми барања за пристап до базите на податоци на Европол во преговорите за идниот однос со ЕУ, смета германската влада.

Бидејќи разговорите меѓу двете страни неделава продолжија со видеосостаноци, британските преговарачи не само што одбиле да се продолжи периодот на транзиција поради пандемијата на Ковид-19 туку изразиле и подготвеност британската страна да продолжи да учествува во аранжманите за споделување податоци во ЕУ, па дури и да се прошири нивниот опфат.

Според извештајот на германската влада за ставот на Велика Британија во преговорите за брегзитот, во кој „Гардијан“ имал увид, Британија сака да има позиција што е можно поблиска до онаа на една земја членка кога станува збор за соработката со Европол.

Тука е вклучена и желбата на земјата да продолжи нејзиниот пристап до централната разузнавачка база на Европол (ЕИС), која во германскиот извештај е оценета како невозможна.

Треба да знаете
Последни објави