Вујовиќ: Гледам, слушам, мислам и се ми е многу нелогично со коронавирусот

Трофејниот рекометен тренер, црногорскиот интеранционалец Веселин Вујовиќ, кој своевремено го предмодеше и макеоднскиот шампион Вардар познат како човек без „влакна на јазикот“ се одлучи да зборува и за теми кои не се поврзани со спортската игра – актуелниот корнавирус кој стави се во мирување ширум светот. Токму затоа Црногорецот не гледа логика во начинот на кој што се пристапува во решавање на проблемот со пандемијата.

-Гледам, слушам, мислам и се ми е многу нелогично. Се бројат, пребројуваат заразените, мртвите и  крајниот резултат покажува помалку жртви од вообичаеното во овој период од годината кога владее сезоната на грипови. На светско ниво, има помалку мртви од короната отколку од „обичниот грип“, што се случува овде?! – се запрашува на глас Вујовиќ, актуелниот тренер на хрватскиот првак ППД Загреб.

Кој со кого си поигрува и зошто веројатно никогаш нема да откриеме?! Признавам дека сум целосно збунет, луѓето се оставени на улица, без работа… Не знам, можеби ќе заборавиме на сето тоа за неколку месеци, но светот никогаш повеќе нема да биде ист…“, смета Вујовиќ.

Коронавирусот ја прекина и ракометната сезона. Неизвесно е кога и како ќе продолжи. ЕХФ потврди само дека ќе има завршен турнир, но не и дали ќе се доиграат преостанатите натпревари од нокаут фазата во елитното клупско ракометно натпреаврување Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави