Search

Во Црна Гора денеска нема новозаразени со коронавирусот

Институтот за јавно здравје денеска анализирал 295 примероци и ниту еден не бил позитивен за коронавирусот, така што вкупниот број заразени во Црна Гора останува 316, рече помошник директорот на таа здравствена установа, Сенад Бегиќ.

Бегиќ рече дека охрабрува и фактот дека бројот на лица кои се опоравиле од инфекцијата со новиот вирус се зголемил за седум и моментално изнесува 123.

-Станува збор за двојно негативен наод направен во последните 24 часа- објасни тој.

Во Подгорица заразени се 161 лица со коронавирусот, Тузим 37, Никшиќ 34, Бар 23, Улцињ 22, седум лица во Будва, по шест лица во Бјело Поле и Херцег Нови, и по три лица во Даниловград и Тиват.

Треба да знаете
Последни објави