Search

Во БиХ стаса предлог да се укине полицискиот час

Министерот за внатрешни работи на Босна и Херцеговина, Аљоша Чампара денеска испратил предлог до Штабот за цивилна заштита да се укине полицискиот час за граѓаните со кој им се ограничуваше времето на движење.

Предлогот е полицискиот час во земјата да биде укинат на 4 мај 2020 година со образложение дека по направените анализи создадени се услови за целосно симнување на оваа забрана за движење која беше воведена во борбата против коронавирусот. Доколку не е можно целосно укинување на полицискиот час за слободно движење на граѓаните од 4 мај, поради епидемиолошката ситуација, предлогот содржи алтернатива, мерката да почне да се применува постепено, а тоа значи полицискиот час да почнува од 22 часот и да биде на сила до 5 часот наутро.

Оваа забрана за движење на граѓаните во БиХ е воведена на 21 март токму по препорака на Чампара, како една од значајните мерки во превенцијата против ширењето на коронавирусот. Граѓаните на БиХ без дозвола сега несмеат да се движат во периодот од 20 часот до 5 часот.

 

 

.

 

Треба да знаете
Последни објави