(Видео) Холандската полиција објави снимка од кражбата на вредно дело од Ван Гог

Полицијата сè уште го бара провалникот кој во раните утрински часови на 30 март, на самиот роденден на Винсент ван Гог, провалил во музејот „Сингер Ларен“ и ја отуѓил сликата „Пролетна градина“. Сликата беше проценета на дури 5 милиони фунти и во музејот беше позајмена од Гронинген.

Снимките од надзорната камера објавени од холандската полиција покажуваат дека провалникот ја скршил стаклената врата на музејот, ја украл сликата и се вратил назад за само неколку минути. При провалата се огласил алармот, но кога полицијата пристигнала на местото на злосторството, крадецот веќе исчезнал. Не е познато дали тој дејствувал сам, а полицијата се надева дека објавувањето на снимките ќе им помогне да му влезат во трага.

Вредното дело на Ван Гог од музејот „Сингер Ларен“ во гратче во близина на Амстердам било украдено додека музејот бил затворен поради мерките за заштита од пандемија на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави