Унгарија и Србија ги креваат рампите на три гранични прелази

Граѓаните на Унгарија и Србија од денеска ќе можата да ја мината границата ако работат во соседната земја или обработуваат земјиште од другата старна на границата, изјави унгарскиот ми нистер за надворешни работи Петер Сијарто. Рампите за граѓаните од пограничните места ќе бидат кренати на граничните прелази Реска (Хоргош), Томпа (Келебија) и Херцегсанто (Бачки брег), објави на својот фејсбук унгарскиот министер.

Оваа одлука е донесена во договор на двете држави.

-на барање од колегите пратеници разговарав со министерот за внатрешни работи на Србија, небојша Стефановиќ и министерот за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ со кои се договоривме да дозволиме патување за унгарските и српските државјани на три гранични премини – напиша Сијарто, кој потсети дека Србија поради борбата со пандемијата од коронавирусот воведе рестрективни мерки меѓу кои и целосна забрана за сообраќај на патници преко границите.

Треба да знаете
Последни објави