САД ја повикaa Кина да ги затвори мокрите пазари засекогаш, се верува дека од таму потекнува коронавирусот

САД ја повикаа Кина да ги затвори своите „мокри“ пазари на кои се продаваат диви животни, поради врската меѓу нив и зоонозите, а Австралија ги повика земјите од Г20 да направат сличен потег затоа што ваквите пазари се ризик за земјоделската индустрија и здравјето на луѓето.

Новиот коронавирус се верува дека се појавил на таков пазар во Вухан, Кина, кон крајот на минатата година. Тој се прошири низ целиот свет и од него починаа над 180.000 луѓе, а заразени се повеќе од 2,6 милиони.

– Со оглед на силната врска помеѓу нелегалната продажба на диви животни на мокрите пазари и зоонозите, САД ја повикаа Народна Република Кина трајно да ги затвори своите мокри пазари на диви животни и сите пазари што нелегално продаваат диви животни“, рече државниот секретар Мајк Помпео.

Сличен повик упати и Австралија, која ги повика земјите од Г-20 да ги затворат таквите пазари, што може да биде нова причина за тензии со Кина, откако Канбера повика да се поведе меѓународна истрага за пандемијата на коронавирус.

Кина издаде привремена забрана за продажба на диви животни на 23 јануари, но трајна забрана се уште не е донесена.

Треба да знаете
Последни објави