„Пријатели“ ги канат фановите на дружба

Актерскиот тим на хит-комедијата „Пријатели“ во вторникот им понуди на шест фанови можност да им се придружат во претстојната двочасовна специјална епизода во рамки на кампањата „Сите вклучени“, пренесува „Ројтерс“.

Ѕвездите на една од најпопуларните ТВ-серии на сите времиња повторно ќе се најдат пред камерите во обид да соберат финансиски средства за луѓето најтешко погодени од епидемијата на коронавирус.

Емисијата со наслов „Тука ќе се сретнете со целиот тим на Пријатели“ е дел од кампањата #AllInChallenge („Сите вклучени во предизвик“) која има за цел да им се помогне на сиромашните во САД и да се спречи појава на масовно гладување поради корона-кризата. Кампањата за помош во храна за луѓето под најголем ризик поради пандемијата е поддржана од многу американски познати личности.

Ѕвездите Џенифер Анистон, Лиза Кудро, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери го објавија натпреварот на своите платформи на социјалните мрежи.

„Бидете наши лични гости во публика за снимање на нашата повторна дружба на @HBOMAX, додека се потсетуваме на серијата и ја славиме целата забава што ја имавме … и стекнете го ВИП искуството на „Пријатели“ во тура низ студиото Ворнер Брос,“ напиша Анистон .

„Се надеваме дека ова ќе донесе малку радост и нешто на кое се радуваме“, додаде таа.

Наградната игра вклучува кафе со актерската екипа во Централ Перк, Лос Анџелес – омиленото кафуле на „пријателите“ – на датум што треба да се одреди.

Треба да знаете
Последни објави