Search

Скопјанец од дома го победи Ковид 19 со „сумамед“ и „тамифлу“

Скопјанецот Иван Стефановски е еден од излекуваните граѓани заболени од Ковид 19, кој за „Слободен печат“ раскажа како се изборил со болеста. Тој е првиот човек што јавно објави дека е позитивен на коронавирусот на 22 март за да укаже и да превенира колку е сериозна состојбата.

Тогаш посведочи дека најверојатно преку локална трансмисија, вирусот му го пренел гостин од Србија во канцелариите на работа.

-Цело време бев на домашно лекување. Тоа беше советот од лекарката што ми соопшти дека сум позитивен. До вечерта кога дознав дека сум позитивен, состојбата ми се влоши. Цел ден имав температура, стигна и до 38 со 6, а вечерта почувствував забрзано чукање на срцето, болка во градите при дишење. Побарав помош од докторката од ЦЈЗ и во комуникација со Инфективната клиника таа ми организираше преглед на Клиниката и бев однесен со возило на Брза Помош. По прегледот, ме вратија со истото возило назад и ми препишаа терапија наредните пет дена да ги земам лековите Сумамед и Тамифлу, парацетамол и по потреба Ц витамин. После неколку дена почувствував драстично подобрување на здравствената состојба. После недела дена немав ниеден симптом, освен тоа што остана изгубениот осет за мирис и вкус. После 14 дена од првиот тест, ми беа направени уште два теста со разлика од 48 часа меѓу првиот и вториот, но за жал и двата излегоа позитивни и тогаш почна да работи психата. Ми беше тешко, но со поддршка од најблиските некако се справив со тоа дека ќе заглавам уште некое време, вели Иван.

Целото интервју прочитајте го на „Слободен печат“ 

Треба да знаете
Последни објави