Search

Претседателот на ПСЖ очекува играчите да ги намалат платите

Претседателот на францускиотфудбалски првак Пари Сен Жермен – Насер Ал-Хелаифи, се надева дека играчите ќе се согласат на предлогот за намалување на платите поради пандемијата од коронавирусот. Управата на клубот по тој повод продолжува со дискусиите со играчите.

– Очекувам да постигнеме договор. Исто така, се надевам дека играчите ќе ги исполнат своите обврски и ќе одржат добра физичка форма, рече Ал-Хелаифи, цитиран од „РМЦ”.

Во исто време, ѕвездата на тимот Нејмар продолжува да се обидува да се врати во Барселона. Според „Мундо Депортиво”, Бразилецот е подготвен да добие двојно пониска плата во Барселона.

Во ПСЖ, Нејмар заработува околу 3 милиони евра месечно.

Треба да знаете
Последни објави