Search

Мицотакис и Мишел низ видеоконференциска средба разговарале за нормализација на единствениот пазар на унијата

Европските служби да разработат кохерентна рамка за нормализирање на транспортот и туристичката активност, побарал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за време на нивната видеоконференциска средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираат од кабинетот на грчкиот Премиер, Мицотакис и Мишел, во пресрет на Самитот на ЕУ во четврток, разговарале за подготовките во внатрешноста на ЕУ за справување со економските последици од пандемијата преку нови финансиски алатки и заеднички интервенции што ќе обезбедат кохезија и солидарност меѓу земјите членки.

Мицотакис ја истакнал потребата за враќање на нормалното функционирање на единствениот пазар на унијата, а со Мишел разговарале и за „турските провокации во Егејското море и источниот Медитеран”.

Треба да знаете
Последни објави