Search

Кривични за тројца тетовци кои нападнаа инспектори на пазарот во Тетово

Полицијата поднесе кривична пријава против A.С.(40) од село Горно Палчиште, Н.М.(55) од село Селце и Б.З. (60) од Тетово, поради „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Тројцата нападнале инспектори од Државниот пазарен инспекторат додека вршеле акција за одземање тутун и цигари кои нелегално се препродавале од улични продавачи на Зелениот пазар во Тетово.

Инцидентот се случил на 21.02.2020 на улица Маршал Тито во Тетово, откако дел од запленетата стока внеле во нивните службени возила, почнале да се собираат пазарџии и продавачи, меѓу кои и тројцата пријавени лица кои ги спречувале во извршувањето на нивната акција, упатиле закани и навреди со цел да им ја одземат запленетата стока, а потоа, со употреба на физичка сила, ги блокирале службениците и нивните службени возила. Притоа, третопријавениот физички ја нападнал оштетената М.П.Г., додека прво и второпријавениот насилно ја одзеле целокупната запленета стока од службените возила на Државен пазарен инспекторат.

 

Треба да знаете
Последни објави