Search

Кон: Коронавирусот нема сила повеќе да се разбуди во Србија му се враќаме на нормалниот живот

Бројката која ни дава најголем оптимизам во битката со корнавирусот е значително намалување на лицата на кои им е потребна респираторна машина, но секако и намалувањето на процентот на инфицирани во однос на тестираните во кризните подрачја – вели српскиот епидемиолог Предраг Кон кој испрати оптимизам меѓу народот кај северниот сосед.

-Вирусот нема повеќе сила. Почнува да ја губи моќта на пренесување а истовремено предизвикува и се поблаги симптоми. Голем е бројот на лица кои го поминуваат и без симптоми – вели Кон.

Од околу 3.000 испитаници, само стотина имале симптоми, но официјални податоци нема. Поголемиот број сепак се тестира преку КОВИД амбулантите. Затоа одлуката за попуштање на мерките со кои се ограничуваше нормалниот живот на луѓето смета дека не се избрзани.

-Ние и понатаму имаме засилени мерки, но важно е во мемоенто што почнуваме да ги убалжуваме. Треба набрзо да се вратиме во живот кој е понормален. Од неделва во недела ќе отвараме она што ќе биде во скалд со резултатите добиени од тестирањата додава Кон.
 Запрашан што ќе се случи доколу бројот на починати и инфицирани нагло се зголеми, Кон е категоричен дека тоа неможе да се повтори !?  

-Може да имаме инцидентни ситуации. Нема од каде да тргне таква сила. Вирусот е спуштен на ниво да не може да се разбуди – појаснува Кон.

Ризикот од инфекции од коронавирусот е дестина пати намален во однос на ситуацијата која се наоѓаше Србија, но препораките да се носта маски во затворени простори ќе остане. Кон смета доколку луѓето не се вратат во нормалниот живот ќе почната да умираат од други работи

 

Треба да знаете
Последни објави