Search

За судиите намалувањето на платите е незаконски, подготвени се доброволно да дадат дел

Судиите сметаат дека одлуката на Владата за да им се намалат платите за април и мај е незаконско, па испратија писмо до Здружението на судии, објави Фокус.

-Доколку се имаат во предвид одредбите од Законот за плати на судиите и тоа чл.2 ст.2 од истиот дека платата на судијата не може да биде намалена со закон или со одлука на државен орган произлегува дека намалувањето на платите со Уредбата со законска сила претставува интервенција од страна на Владата на РСМ- извршната власт во платите на судиите која не е дозволена со закон, стои во писмото.

Судиите се согласуваат дека во овие тешки моменти кога станува збор за заштита на јавното здравје е потребна солидарност од сите институции во државата и подготвени се доброволно да одвојат дел од своите плати во соодветна висина определена преку надлежните органи на судската власт, но не се согласуваат со присилна интервенција во платите на име солидарност извршена на противуставен и незаконит начин од страна на извршната власт.

Целото писмо може да го прочитата во  Фокус.

Треба да знаете
Последни објави