Search

Дачиќ: Во ОН да се отвори дебата за потеклото на коронавирусот и сомнежите за биолошка војна !?

Големите сили како и Обединетите нации и Советот за безбедност должат одредени одговори пред светот за коронавирусот, пред се за неговото потекло, дали е природен или лабораториски, смета Ивица Дачиќ, министерот за надоврешни работи на Србија.

Во интервју за српските медиуми Дачиќ потенцира дека неговата земја не е единствената која очекува одговори на овие прашања. До нив според Дачиќ треба да се стигне со отворање дебати во меѓународните форуми, а пред се во Обединетите нации и пред Советот за безбедност, кои треба да покренат широк дијалог за да му дадат одговор на целиот свет за потеклото на вирусот и соменжите кои се појавуваат дека ова е биолошката војна. Овие дилеми ќе бидат неминовни последици што ќе ги остави пандемијата, па заслужуваат одговри.

-Потребен е разговор за тоа како во иднина ќе изгледа светот и меѓународните односи, каква ќе биде судбината на многу меѓуанродни политички и економски организации и проекти кои сега постојат, а кои помалку или повеќе не ги дадода очекуваните резултати во справувањето со пандемијата. Тука мислам на ЕУ, НАТО, ОН, ОБСЕ, ММФ… вели меѓу другото Дачиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави