Search

Со ангажман на Министерството за земјоделство во Струмичко откупени 40 тони пролетна зелка

Со ангажман на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска од четири струмички села се откупени 40 тони пролетна зелка по цена од 8 до 10 денари за килограм, информираше Митко Караиванов, откупувач од Струмица.

– Зелката е откупена од земјоделци од селата Сарај, Муртино, Сачево и Просениково, вкупно 40 тони, односно по 10 тони од секое село. Зелката ја откупува компанија од Косово и истата е веднаш платена, додаде Караиванов.

Откупот треба да продолжи утре и во други населени места во Струмичко каде се произведува пролетна зелка.

Треба да знаете
Последни објави