Search

МВР превзема мерки за расчистување на случајот со полициските службеници кој уапсија момче со куче

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема мерки и активности за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници во случајот кога неколку полициски службеници преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, а за што во текот на денот на социјалната мрежа Фејсбук се споделува видео од настанот. Во текот на утрешниот ден, јавноста ќе биде соодветно информирана за исходот од проверките Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот.

Треба да знаете
Последни објави