Молотови коктели фрлани во дворот на грчката телевизија „Скај”

Во три часот утрово, четири маскирани лица фрлиле три молотови коктели во дворот на грчката телевизија „Скај” и побегнале, а веднаш пристигнала полицијата и трага по сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според телевизијата, не е предизвикана материјална штета на објектот, ниту пак е повреден некој од вработените.

Во утринската информативна емисија, во шест часот утрово, новинарот рече дека сите се добро, а програмата на ТВ „Скај” ќе си тече нормално.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас го осуди нападот.

-Во име на Владата, осудувам секаков обид да се замолчат слободата на изразување и медиумите. Овој обид за заплашување паѓа во вода, бидејќи нашата демократија е силна и ги изолира ваквите чинови, рече Пецас за ТВ „Скај”.

Треба да знаете
Последни објави