Заеднички туш и тоалет: Синот на Вучиќ без ниту една повластица замина да се долекува на саем

Синот на српскиот претседател, Александар Вучиќ, Данило својата борба против корона вирусот ја продолжува на Белградскиот саем. Тој конечно ја напуштил Инфективната клинка каде се лекуваат најтешките случаи. Данило, заминувањето на саем одвај го дочекал, бидејќи тоа значи дека е чекор поблику до оздравување и заминување дома.

Додека некои го напаѓаа и него и татко му, Данило ги почитува сите правила и процедури како и останатите граѓани сместени на саем, па и тој ќе оди како и останатите, во заедничко куплатило, туш, па и тоалет кај што ќе одат и други.

Треба да знаете
Последни објави