Во Црна Гора приведени три лица – седеле заедно на клупа во парк

Црногорската полицијата приведе три лица во Подгорица, од кои едното малолетно, поради непостапување по здравствените регулативи за сузбивање на опасна заразна болест. Другите две лица се на возраст од 18 и 19 години.

Овие три лица биле фатени на клупа во парк, се вели во соопштение на црногорската полиција.

Покрај тоа, тие ја прекршиле мерката забрана за присуство и задржување на јавен простор на повеќе од едно лице.

Од воведувањето на оваа мерка, полицијата во Подгорица процесуираше вкупно 33 лица.

Треба да знаете
Последни објави