Search

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

– Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.227.622 луѓе. Од нив, починати се 150.623, а оздравеле 563.771 луѓе.

– Во Белгија во последните 24 часа починале уште 313 лица, со што вкупниот број на жртви досега изнесува 5.163. Вкупниот број на заразени се зголеми на 36.138.

– Со повеќе од 660.000 случаи на коронавирусот и околу 33.000 починати, САД се на првото место на црната листа на коронавирусот во светот, но стапката на смртност во Америка од 4,9 отсто сепак е значително помала од Белгија, која од вчера е на прво место според овој статистички параметар.

– Според најновите податоци на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс”, стапката на смртност во Белгија е 14 отсто. Висока стапка на смртност има и Велика Британија (13,2 отсто), Италија (13,1 отсто), Франција (12,2 отсто), Холандија (11,3 отсто), Шпанија (10,4 отсто), и Шведска (10,6 отсто).

– Заклучно со вчерашниот ден, стапката на смртност во Србија изнесува 1,93 отсто а, според универзитетот „Џон Хопкинс”, најголема стапка во регионот има Романија (5,1 отсто), а следуваат Албанија (5 отсто), Словенија и Бугарија (4,8 отсто), Северна Македонија (4,3 отсто), Босна и Херцеговина (3,7 отсто), Хрватска (2 отсто), и Црна Гора (1,3 отсто).

– Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Холандија се зголеми за 144 на вкупно 3.459, соопшти Холандскиот институт за јавно здравје. Бројот на заразени достигна 30.449. Институтот вчера соопшти дека бројот на новозаразени и бројот на смртни случаи се стабилизирал во последните три недели.

– Во Шпанија во последните 24 часа починале 585 лица, што е зголемување во однос на претходниот ден, но ситуацијата се уште е многу подобра од средината на април, кога дневно умираа и по 900 луѓе. Во земјата има вкупно 188.068 заразени, соопшти Министерството за здравство.

– Авиокомпанијата „Емирејтс” од Обединетите Арапски Емирати оваа седмица воведе тестирање на своите патници на коронавирусот, а новата мерка е потенцијална најава што во иднина можат да очекуваат корисниците на услугите на авиотранспортот. Како што пренесува Си-Ен-Ен, со првите брзи тестови на Ковид-19 со средата пред полетување на авион биле тестирани патници на меѓународниот аеродром во Дубаи, а компанијата соопшти дека се работело за лет за Тунис.

– Во Индонезија денеска се регистрирани уште 400 нови случаи на коронавирусот, што е рекорден пораст во еден ден, соопштија властите. Вкупниот број на заразени достигна 5.923. Од последици од Ковид-19 во Индонезија досега починале 520 лица.

Треба да знаете
Последни објави