Search

Морисон: Ќе ги повикам Австралијците да ја користат апликацијата за следење

Австралиската Влада ги повика своите граѓани да се регистрираат на контроверзната апликација за мобилни телефони „TraceTogether” (Да следиме заедно) за да ги следат нивните движења, откако официјални лица денеска предупредија дека јавниот живот би можел да биде ограничен уште една година поради пандемијата на коронавирусот.

Австралискиот премиер

– Австралиската Влада ги повика своите граѓани да се регистрираат на контроверзната апликација за мобилни телефони „TraceTogether” (Да следиме заедно) за да ги следат нивните движења, откако официјални лица денеска предупредија дека јавниот живот би можел да биде ограничен уште една година поради пандемијата на коронавирусот.

Австралискиот премиер Скот Морисон рече дека преземањето на апликацијата за паметни телефони, која беше критикувана од групите за граѓански слободи како напад врз приватноста, првично ќе биде доброволно.

Тој, сепак, одби да ја исклучи можноста апликацијата да стане задолжителна, потенцирајќи дека можноста за откривање на потенцијални нови жаришта на епидемијата е клучна за одлуката на официјалните лица да почнат со укинување на строгите мерки за социјално дистанцирање.

– Ќе ги повикам Австралијците да го сторат тоа, искрено, како дел од служба за државата, рече Морисон.
Тој истакна тоа е нешто што во нормално време можеби не би било направено, како и дека ова „не е нормално време”.

– Преземањето на оваа апликација ќе помогне да се спаси нечиј живот, рече австралискиот премиер.
Владата планира да ја воведе апликацијата во следните две недели по финализирањето на правните проблеми со приватноста, рече Морисон.

Австралија има 6.625 заразени и 65 починати од Ковид-19.

рече дека преземањето на апликацијата за паметни телефони, која беше критикувана од групите за граѓански слободи како напад врз приватноста, првично ќе биде доброволно.

Тој, сепак, одби да ја исклучи можноста апликацијата да стане задолжителна, потенцирајќи дека можноста за откривање на потенцијални нови жаришта на епидемијата е клучна за одлуката на официјалните лица да почнат со укинување на строгите мерки за социјално дистанцирање.

– Ќе ги повикам Австралијците да го сторат тоа, искрено, како дел од служба за државата, рече Морисон.
Тој истакна тоа е нешто што во нормално време можеби не би било направено, како и дека ова „не е нормално време”.

– Преземањето на оваа апликација ќе помогне да се спаси нечиј живот, рече австралискиот премиер.
Владата планира да ја воведе апликацијата во следните две недели по финализирањето на правните проблеми со приватноста, рече Морисон.

Австралија има 6.625 заразени и 65 починати од Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави