Грчката Влада формираше Вибер група за информирање на граѓаните за Ковид-19

Добре дојдовте во официјалната заедница на грчката Влада. Овде можете навремено и точно да се информирате за сите случувања поврзани со коронавирусот/ Ковид-19 во нашата земја: за текот, мерките што ги презема владата, начините за ограничување на ширењето на вирусот, пишува на почетокот од групата формирана од грчката Влада на апликацијата за комуникација „Вибер”, јави дописничката на МИА од Атина.

Групата е во функција од вчера, а веднаш по редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, членовите на заедницата добија информации за последните податоци поврзани со коронавирусот.

Иницијативата е во рамките на проектот „Дигитална солидарност” на Министерството за дигитално управување на Грција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку неговиот официјален „Твитер” профил рече дека целта на групата е брзо и точно информирање на граѓаните.

-Остануваме дома. Остануваме информирани, напиша Мицотакис.

Треба да знаете
Последни објави