Во Словенија потврдени 36 новозаразени со коронавирусот

– Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата се потврдени 35 случаи на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во изминатото деноноќие се тестирани 1.193 лица, а поради Ковид-19 во болниците низ земјата се хоспитализирани  95 пациенти. Во одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 28 лица.

Во изминатите 24 часа од болниците се отпуштени осум пациенти, а како последица од заразата починале уште пет лица.

Треба да знаете
Последни објави