Search

Во Словенија полуматурантите годинава нема да го полагаат државниот испит

– Оваа година за прв пат откако е воведен, полуматурантите нема да го полагаат државниот испит, најави министерката за образование Симона Кустец.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ваквата одлука е донесена поради прекинот на образовниот процес предизвикан од епидемијата на коронавирусот.

Што се однесува до полагањето на матурата, засега е донесена одлука таа да се одложи за еден месец, па така наместо 5 мај, ќе се одржи на 1 јуни за писмениот и 14 јуни за усниот дел.

Заводот за образование на Словенија на наставниците и професорите им даде и насоки како да го оценуваат учениците, имајќи во предвид дека образовниот процес продолжи во домашни услови.

Засега не се знае дали и кога ќе продолжи редовната настава, а некој предвидувања се дека оваа учебна година е веќе изгубена, а учениците во школските клупи ќе седнат дури до септември.

Треба да знаете
Последни објави