Словенија ги отвора продавниците за градежни материјали, сервисите и работилниците

– Словенечката Влада одлучи од понеделник повторно да ги отвори специјализираните продавници за градежен материјали и некои сервиси, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Со одлуката повторно ќе стартуваат со работа и сервисите за хемиско чистење, вулканизерите, специјализираните продавници и сервиси за велосипеди и некои работници. Како и во аптеките и маркетите, предност да ги користат услугите на овие компании ќе имаат постарите лица, а времето од осум до осум и пол наутро ќе биде само за нив, односно за лицата над 65 години.

Ова постепено укинување на ограничувањата беше најавено откако податоците покажаа дека се помалку словенечки граѓани се заразуваат со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави